СТАНДАРД life
Здравје

Симптоми кои се појавуваат еден ден пред срцев удар

Неодамнешното истражување откри како одредени предупредувачки знаци може да се појават само еден ден пред срцев удар. Како што објави The Healthy, дури девет од 10 луѓе кои доживеале срцев удар умираат, често во рок од неколку минути. Една од причините зошто срцевиот застој е смртоносен е тоа што во повеќето случаи доаѓа без предупредување или симптоми.

Но, една студија спроведена на оваа тема покажа дека еден, или поточно, два симптоми на срцев удар се јавуваат кај 50 проценти од луѓето еден ден претходно. Ако навреме ги препознаеме, би можеле да спречиме фатални последици. Според резултатите објавени во списанието Lancet Digital Health, симптомите се различни кај мажите и кај жените.

Кога станува збор за мажите, најчестиот симптом пред срцев удар вклучува неочекувана и силна болка во градите. Пациентите често го опишуваат како притисок. Од друга страна, жените доживуваат ненадеен недостаток на воздух и се чувствуваат како да не можат да дишат. Двата симптоми се појавуваат главно 24 часа пред срцев удар, нагласуваат научниците.

Д-р. Сумет Чу, општ лекар и еден од главните автори на студијата, наведува дека срцевиот удар кај луѓето се јавува кога нивното срце одеднаш престанува да пумпа крв, а може да биде предизвикано од аритмија или одредени абнормалности на срцевиот ритам.

Поврзани вести

Бактерија во јогуртот го намалува стресот и помага во спречување на депресија и анксиозност

Urednik

Дали е подобро да се јаде брзо или бавно? Експертите имаат корисни совети

Radmila Tasevska

Спанаќ – зошто е корисен за телото?

Radmila Tasevska