Сакате секојдневно да слабеете. Можете покрај другото ако ги одберете вистинските пијалаци. За вас ова е изборот на трите најдобри пијалаци кои го забрзуваат работењето на вашиот метаболизам, согоруваат повеќе калории, а со тоа автоматски придонесуваат и кон слабеење.
1. Ладна вода
Заменете го лимонот со неколку коцки мраз, бидејќи ладните пијалаци го тераат телото да троши повеќе енергија за да ја одржува телесната температура. Ова значи дека консумирањето три големи чаши ладна вода во текот на денот согорува дополнителни 100 калории. Ако ова го практикувате секој ден, во текот на една година може да изгубите до 4,5 килограми, под услов овие калории да не ги надополнувате со друга храна.
2. Кафе
Кафето можеме да го наречеме природен енергетски пијалак, а истражувањата покажуваат дека две до три кафиња пред тренинг ни овозможуваат да тренираме подолго, а тоа значи дека организмот ќе согори повеќе калории. Истражувањето вели дека оние кои претходно пиеле кафе, за 20 проценти го продолжуваат времетраењето на тренингот. Меѓутоа треба да се запамети дека кафето секогаш треба да се пие без шеќер и млеко, бидејќи тоа е најбрз начин за поништување на позитивниот ефект.
3. Зелен чај
Не само што зелениот чај е ослободен од калории, туку може да ни помогне при согорување на мастите и да се ослободиме од вишокот килограми. Според едно неодамнешно истражување, докажано е дека личностите кои пиеле четири шолји зелен чај во денот, во текот на два месеци изгубиле скоро 3 килограми повеќе од оние кои пиеле само вода. Друго истражување покажало дека луѓето кои пијат зелен чај во просек имаат помалку килограми и потесен струк. Секогаш пијте зелен чај и избегнувајте ги готовите чаеви од маркет, бидејќи тие може да содржат многу шеќери и значително помалку антиоксиданти. Исто така треба да ги избегнувате додатоците во зелениот чај бидејќи така може да предизвикате оштетување на црниот дроб.