СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Најмалиот фотографски сензор е дело на OmniVision

OmniVision сега може да се пофали со Гинисов рекорд за најмалиот комерцијално достапен фотографски сензор.

Компонентата (OV6948) со размери 0,575 x 0,575 mm, има резолуција од 40 kp (200 x 200 пиксели) и е наменета за медицинска употреба (модулот на фотоапаратот мери 0,65 x 0,65 x 1,158 mm). Сензорот (1/36-инчи) е тип BSI (позадинско осветлување) и има пиксели со размери од 1,75 микрометри.

Модулот обезбедува видливо поле од 120 степени и 30 кадри во секунда (fps), а меѓу другите карактеристики гледаме фокусна должина помеѓу 3 и 30 mm.

Развојот ветува дека на лекарите ќе им овозможи еднократни ендоскопи за различни процедури, но може да најде и стоматолошки, ветеринарни и индустриски апликации.

Веќе започна масовното производство на OVM6948.

Поврзани вести

Word ќе користи вештачка интелигенција за да предвиди што сакаме да напишеме од март

Влатко Зорба

Новите МекБук модели во масовно производство од втората половина на годината

Влатко Зорба

Пристигна Zoox – автономното возило на Amazon (ВИДЕО)

msp-admin