СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

5G стартува масовно во Кина од 1 ноември

Трите водечки телекомуникациски мрежи во Кина – China Mobile, China Unicom и China Telecom – најавија дека ќе лансираат 5G услуги на национално ниво утре, 1 ноември, објави „Ројтерс“.

Објавени се 5G плановите на веб-страниците и онлајн продавниците на операторите, почнувајќи од 128 јуани месечно. Ултра-брзиот мобилен интернет сервис ќе биде достапен во петок за потрошувачите на национално ниво.

Претходно, Пекинг соопшти дека ќе пушти ултрабрза 5G услуга со нови функции, вклучувајќи автономно возење, на почетокот на следната година.

Како и да е, владата подоцна донесе одлука да го забрза спроведувањето на своите планови заради зголемените тензии со САД, кои најавија бојкот на телекомуникацискиот гигант Huawei Technologies.

Поврзани вести

Маск отпушта 75% од вработените во фабриката во Невада

msp-admin

Проектот на Huawei за 5G приватна мрежа ја освои наградата за развој на пазарот во 2021

Влатко Зорба

Биткоин за „Тесла“: кои се предизвиците за купувачите?

Влатко Зорба