СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

АФПЗРР исплати близу 17,4 милиони денари за субвенци за откупена пченица од домашно производство

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на сметките на откупувачите на пченица од домашно производство, исплати близу 17,4 милиони денари.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, преку соопштение, појаснува дека станува збор за исплата на субвенциите од дополнителната мерка за директните плаќања за откупена пченица од од домашно производство. Средствата за субвенции за откупувачите на домашното произведено лебно зрно, за сите кои исполнуваат услови за добивање на оваа финансиска поддршка се исплаќаат без селекција и во еден ден.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, пред неколку дена исплати и 333 милиони денари за предадено млеко, за оризова арпа како и за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети. Бабовски, посочува дека од стапување на функцијата директор на АФПЗРР, до денеска, исплатени се вкупно 319,3 милиони евра. Дел од средствата кои се исплатени се и за стари наследени долгови за неисплатени субвенции од 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016- та година.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, и во наредниот период продолжува со неселективната исплата на средствата за субвенции. Во еден ден, за сите кои исполнуваат услови за добивање на финансиска поддршка се исплаќаат средствата за субвенции.

Поврзани вести

Повлекувањето на Безос е знак на важна промена во Amazon

Влатко Зорба

Нето добивката на Tesla не доаѓа само од продажба на автомобили

Влатко Зорба

Која банкнота е најпопуларна меѓу фалсификаторите?

msp-admin