Apple претстави нов лаптоп во серијата MacBook Pro, кој е позициониран на врвот на портфолиото на компанијата и практично ќе го замени актуелниот 15-инчен MacBook Pro. Уредот може да се конфигурира со процесор до 8-јадрениот Core i9, до 64 GB RAM и до 8TB SSD меморија. Покрај новиот 16-инчен ретина дисплеј со максимална осветленост од 500 нити, аудио систем со 6 звучници, микрофони со висок квалитет и батерија од 100wH, компанијата додаде и изменета тастатура.
Вклучено е хардверско Esc копче. Промената на тастатурата е долгоочекувана во позадина на проблемите со тековниот систем. Стандардната верзија на MacBook Pro со 16-инчи вклучува 6-јадрен Core i7 процесор од 2,6Ghz (Turbo Boost до 4.5GHz), но корисниците можат да изберат и 2.4GHz 8-јадрен Core i9 (Turbo Boost до 5.0GHz). Компанијата ја смени и термичката архитектура на лаптопот за да троши помалку енергија и испорачува високи перформанси.
За да се постигне ова, Apple го зголеми протокот на воздухот во системот за 28% и додаде 35% поголем ладилник. Додатоците треба да помогнат да се постигне 11 часа траење на батеријата со едно полнење. Стандардниот модел е со цена од 2.399 долари, а покрај Core i7 процесорот, тој нуди AMD Radeon Pro 5300M графички забрзувач со 4 GB GDDR6, 16GB 2666MHz DDR4 и 512 GB SSD. Цената на најмоќната верзија е 6.099 долари, но нуди 8-јадрен Core i9, 64 GB 2666MHz DDR4, AMD Radeon Pro 5500M со 8 GB GDDR6 и 8TB SSD.