СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Продлабочување на билатералната соработка помеѓу РСМ и Кина во областа на трговијата со земјоделски и прехранбени производи од растително и животинско потекло

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски имаше работна средба со владина делегација од Народна Република Кина. Целта на посетата е продлабочување на билатералната соработка помеѓу двете земји во областа на царината, извозот/увозот односно трговијата со земјоделски и прехранбени производи од растително и животинско потекло.

Во рамките на посетата се иницираа различни прашања кои се однесуваат на трговските односи, кои вклучуваат инспекциски надзор и регулирање на карантинот на производите кои се извезуваат во Народна Република Кина. Исто така, се дискутираше за статусот на доставените барања од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за извоз на производи од животинско потекло како што е извозот на јагнешко месо, млечни и месни производи, извоз на квасец за употреба во храна за исхрана на животни.

На состанокот се дискутираше и за потребата од ревизија на Протоколот за фитосанитарни услови за извоз на тутун од Република Северна Македонија во Народна Република Кина помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и Генералната дирекција за квалитет, контрола, инспекција и карантин на Народна Република Кина.

Со цел продлабочување на трговската соработка помеѓу двете земји, се разгледаа и фитосанитарните барања за извоз/увоз на растенија и производи од растително потекло, како и потребата од размена на искуство и обука на службеници во областа на земјоделството и руралниот развој, како и во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и фитосанитарната политика. Ќе се направат и напори да се добие одобрување македонските компании да можат слободно да извезуваат земјоделски и прехранбени производи на кинескиот пазар.

Поврзани вести

Првиот човек на Твитер речиси го напуштил ИТ секторот за да биде масер или моден дизајнер

Влатко Зорба

Актуелната листа на најпопуларни автомобили покажува дека Европа се повеќе вози „на батерии“

Влатко Зорба

Како се перат пари со биткоини?

msp-admin