СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

iPhone 12 нема да биде многу поскап од сегашните модели

Apple се очекува да лансира четири паметни телефони со 5G конекција следната година, а додавањето на оваа иновација ќе ги направи уредите поскапи. Според аналитичарот Минг-Чи Куо, зголемувањето на цените нема да биде значајно во споредба со сегашните предлози на компанијата.

Ова може да се постигне со намалување на трошоците по синџирот на снабдување на компонентите, вклучително и со суспендирање на еднократни плаќања за развој на ново метално куќиште и рамки за идните модели. Можно е компанијата самостојно да ги извршува процесите на развој, дизајнирање и тестирање на некои производи и компоненти за да не се потпира на подизведувачи.

Досегашната практика им овозможува на партнерите на Apple да заработуваат приходи дури и за време на сезоните кога продажбата на паметни телефони е мала. Ова може да се промени ако се донесе практиката за промовирање на уреди двапати годишно. Според некои гласини досега, можно е компанијата во пролет да објави поевтини модели и да ги задржи премиум производите, како и досега, за наесен.

Аналитичарот очекува дека идните 5G паметни телефони ќе вклучат нов дизајн на метална рамка и ќе личат на iPhone 4, што значи дека страните ќе бидат порамни од сегашните. Куо верува дека куќиштето и рамката на уредите ќе бидат поскапи за производство, посочувајќи дека целта ќе биде да се постигне поквалитетен дизајн.

Поврзани вести

Овие телефони први ќе добијат замена за Андроид

Скандалот околу Cyberpunk 2077 се заплеткува

Влатко Зорба

Наскоро доаѓа гејминг смартфонот Black Shark 4

Влатко Зорба