СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Бугарски фирми во Македонија со профит од 351 милион евра

Фирми со различни профили и од различни сектори, од административни услуги, преку градежништво и здравство, до угостителски објекти и рударство. Во земјава регистрирани се вкупно 636 компании кои во својата сопственичка структура имаат најмалку еден менаџер сопственик од соседна Бугарија, пишува Analitika.mk.

Македонија се покажува како исклучително поволна дестинација и за капиталот од Бугарија, географски блиска како сосед, но и важна како земја членка на НАТО и Европската Унија. За граѓаните на Македонија, Бугарија е често посетувана туристичка дестинација, но и близок пазар за бизнис релации. Во Македонија, според податоците на Таргет Груп егзистираат 636 бугарски фирми или компании коишто во сопственичката структура имаат најмалку еден сопственик од Бугарија.

Податоците од билансите за работењето на овие компании покажуваат дека приходите и добивките на годишно ниво се со растечки тренд. Така, во 2017 година вкупните приходи изнесувале 340 милиони евра а за една година се зголемиле за 12,3 милиони евра.

Поврзани вести

За прв пат во историјата: Русија има повеќе злато отколку долари

Влатко Зорба

Доларот зајакна во однос на кошницата со валути по пад од две недели

Влатко Зорба

10 земји кои најмногу ги ценат талентираните работници: Меѓу нив дури 8 европски

msp-admin