СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

За колкава плата жените во Македонија би прифатиле работа?

Над 34% од жените во Македонија би прифатиле работа доколку платата е од 16.000 до 20.000 денари, додека само 0,3% би ја прифатиле понудата за вработување ако месечната плата надминува 40.000 денари. Податоците се од Државниот завод за статистика по повод осми март, Меѓународниот ден на жената.

Во руралните средини, 22,4% од вработените жени се неплатени семејни работници. Во урбаните средини, од вкупниот број на жени, 3,6% се работодавачи.

Во однос на возраст на вработените жени, најголем дел или 47.890 се на возраст од 35 до 39 години. Потоа следуваат вработените жени на возраст од 40 до 44 години – 45.733, додека на возраст од 30 до 34 години има 44.162 жени.

Главен извор на средства за живот кај 81% од невработените и неактивните жени е платата и пензијата на членови од домаќинството.

Во 2018-та година, од вкупниот број на ученици и студенти, жени се 50,6%. Истата година со факултетска диплома се стекнале 4.531 жена. Стапката на вработени жени во 2018-та година во земјава изнесува 39,5%, кај невработените е 37,5%, додека 51% од пензионираните лица биле жени.

Во поглед на просечната возраст на жената при склучување на првиот брак, во нашата земја во 2018-та година, била 26,9 година. Статистиката покажува дека просечната возраст на жената при првото раѓање е 27,3 години.

Поврзани вести

Трамп повика на бојкот на „Goodyear“, паднаа акциите на компанијата

msp-admin

„Амазон“ годинава може да надмине 500 милијарди долари приход

Влатко Зорба

Ракета на SpaceX слета во Тексас, а потоа експлодираше (ВИДЕО)

Влатко Зорба