СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ММФ: Короната го води светот во криза полоша од Големата депресија

Глобалната економија во 2020 година ќе падне за три отсто, додека многу земји се соочуваат со најголемите економски проблеми во последните децении, соопшти Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Од Меѓународниот монетарен фонд, наведуваат дека овој економскиот пад е најлош од Големата депресија од 1930-тите и оценуваат дека пандемијата го однела светот во „криза каква што никогаш не постоела“.

Доколку пандемијата трае долго, тоа ќе ја тестира способноста на владите и централните банки да ја контролираат кризата, додаде ММФ, пренесува Би-би-си.

Гита Гопинат, главен економист на ММФ, вели дека кризата би можела да го намали светскиот социјален производ за девет милијарди долари.

Иако ММФ ја пофали „брзата реакција“ во земји како Велика Британија, Германија, Јапонија и САД, оттаму наведуваат дека ниту една земја нема да биде имуна на економскиот пад.

Се очекува глобалниот раст да се опорави за 5,8 отсто следната година, но само доколку пандемијата заврши во втората половина на 2020 година.

„Делумно опоравување е предвидено за 2021 година“, вели Гопинат.

Поврзани вести

С. Македонија и ОАЕ ќе потпишат договор за поттикнување и заемна заштита на инвестиции

Влатко Зорба

НБ: Блокирани над 224.000 трансакциски сметки

Влатко Зорба

Димковски на средба со Груздев за подобрување на економската соработка со Москва

msp-admin