СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ММФ: Короната го води светот во криза полоша од Големата депресија

Глобалната економија во 2020 година ќе падне за три отсто, додека многу земји се соочуваат со најголемите економски проблеми во последните децении, соопшти Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Од Меѓународниот монетарен фонд, наведуваат дека овој економскиот пад е најлош од Големата депресија од 1930-тите и оценуваат дека пандемијата го однела светот во „криза каква што никогаш не постоела“.

Доколку пандемијата трае долго, тоа ќе ја тестира способноста на владите и централните банки да ја контролираат кризата, додаде ММФ, пренесува Би-би-си.

Гита Гопинат, главен економист на ММФ, вели дека кризата би можела да го намали светскиот социјален производ за девет милијарди долари.

Иако ММФ ја пофали „брзата реакција“ во земји како Велика Британија, Германија, Јапонија и САД, оттаму наведуваат дека ниту една земја нема да биде имуна на економскиот пад.

Се очекува глобалниот раст да се опорави за 5,8 отсто следната година, но само доколку пандемијата заврши во втората половина на 2020 година.

„Делумно опоравување е предвидено за 2021 година“, вели Гопинат.

Поврзани вести

Расте довербата за вложување во инвестициски фондови

Stefanija Kuzmanovska

ЕБОР: Раст од три проценти на македонската економија следната година

Stefanija Kuzmanovska

Инвестиција од 1,5 милиони евра во обнова на патот од Старо Нагоричане до ГП Пелинце

Влатко Зорба