СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Рош Македонија предвремено го плати данокот на добивка

Рош Македонија ДООЕЛ Скопје како општествено одговорна компанија одлучи да изврши плаќање на своите месечни обврски по основ на аконтативно плаќање на данокот на добивка за 2020 година во целост.

Веднаш е исплатен вкупен износ од 1.648.782,00 денари, наместо вообичаената исплата преку месечни аконтативни износи.

„Со оваа одлука имаме за цел да придонесеме за зголемување на ликвидностa на државата во овој тежок период, имајќи предвид дека на државата би и биле од корист дополнителни ресурси за спречување на брзото ширење на вирусот, за заштита на здравјето на граѓаните и за минимизирање на неминовните штети врз економијата“, се вели во соопштението на компанијата.

Поврзани вести

Nokia N9 се враќа на пазарот

msp-admin

Арсовска: Потребна е навремена помош за справување со ефектите од коронавирусот врз економијата

msp-admin

Маск: Му предложив на Бајден да воведе данок на јаглерод, сметаше дека тоа е политички прекомплицирано

Влатко Зорба