Компанијата Facebook објави за голем број отстранети постови кои промовираат насилство и говор на омраза, што тие ги припишуваат на подобрувања во технологијата за автоматско препознавање текст и слика, пренесува „Гардијан“.
Најголемата светска компанија за социјални медиуми тврди дека во првиот квартал од годината отстранила околу 4,7 милиони постови поврзани со организирани групи кои промовираат омраза на нејзината апликација на Facebook – споредено со 1,6 милиони што биле отстранети во претходниот квартал.
Исто така беше објавено дека 9,6 милиони објави на Facebook со говор на омраза се отстранети во првиот квартал, наспроти 5,7 милиони во последниот квартал од минатата година.
Facebook ги објави податоците како дел од својот петти Извештај за имплементација на стандардите на заедницата, кој ги воведе како одговор на критиките за слабиот надзор на своите платформи.