СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Видео игрите на Кина ѝ донесоа над девет милијарди долари

Извозот на видео игри во светот минатата година беше на ниво од 20,8 милијарди долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

Најголем дел од тој износ отпаѓа на видео игри што доаѓаат од Кина – 43,9% или 9,1 милијарди долари.

Меѓу петте најголеми извозници на видео игри во светот се и: Јапонија (2,12 милијарди долари), Холандија (2,1 милијарди долари), Германија (1,3 милијарди долари) и Хонг Конг (1,23 милијарди долари).

Македонија е 63-та во светот извоз на видео игри во вредност од 54.000 долари.

Од земјите во регионот, најдобро е позиционирана Грција со извезени видео игри во висина од над 12 милиони долари. Потоа следуваат: Хрватска (11,4 милиони долари), Словенија (7,6 милиони долари) и Србија (782.000 долари).

Поврзани вести

ТАВ: Nordwind Airlines отвора редовна линија СКОПЈЕ – МОСКВА

Владата издвои 620 милиони денари за инвентер-клими во домаќинствата во Скопје, Битола, Тетово и Кичево

Интервју со проф.Сековска:Не постои ниту едно оправдување за носење на новиот Закон за земјоделско земјиште