СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Пазарниот инспекторат најави кривични пријави за оние кои викендов ќе издаваат соби

Продолжувањето со рестриктивните мерки за спречување на ширењето на епидемијата на коронавирусот значи дека се уште не е либерализирана понудата на сместувачки капацитети во туристичките центри во земјата. Тоа значи дека се уште е на сила целосната забрана за работа на сместувачките капацитети, како за поголемите објекти така и за приватните станоиздавачи.

Од Пазарниот инспекторат во Охрид, како најпосетена туристичка дестинација во земјата, најавуваат дека во текот на престојниот продолжен викенд продолжуваат со контроли на сместувачките капацитети, со цел почитување на мерките за спречување на ширење на заразата.
Согласно мерките што се уште се на сила, изнајмувањето објекти или соби за сместување претставува кривично дело за што е предвидена и висока парична казна, која за приватните лица започнува од две илјади евра, па и повеќе зависно имотната состојба и примањата на прекршителот, додека за правните лица предвидена е соодветна постапка,а висината на казната ќе ја одредува Судот на предлог на јавен обвинител.

Граѓаните на Охрид преку социјалните мрежи изразија загриженост од можен наплив на гости за викендот од кризните жаришта каде наредните денови на викендот е на сила целосна забрана за движење.

Поврзани вести

Помош од 50.000 евра месечно за малите фирми во Германија

Stefanija Kuzmanovska

На 117 компании одобрени им се средства од втората бескаматна кредитна линија „Ковид 2“

„Пошта“ во загуба од 10 милиони евра, директорите се осигурале со полиси