СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Лидл нема никакви планови за влез на пазарот во Северна Македонија

Лидл не планира отворање супермаркети во Северна Македонија, ниту пак засега постои план за ширење во земјата, велат од еден од најголемите трговски синџири во Германија и Европа за Дојче веле.

Деновиве во македонската јавност проструи веста дека Лидл уште годинава ќе отвори супермаркет во земјата. Од Лидл велат дека тоа не е точно.

„Лидл постојано ги анализира можностите за експанзија. Но во моментов нема никакви планови за влез на пазарот во Северна Македонија“, се вели од прес-службата на компанијата.

Лидл во моментов има маркети во 29 земји во Европа и во САД. Последната голема експанзија на компанијата беше во 2018 во соседна Србија, каде досега се отворени 41 маркети. Синџирот поседува повеќе од 10 илјади супермаркети во речиси сите земји членки на ЕУ, како и во Србија и Велика Британија. Во регионот, освен Северна Македонија, Лидл нема уште и во Албанија, Косово и Црна Гора.

Поврзани вести

Заев од Росоман: Уште повеќе ќе ги поддржуваме домашните компании, ќе издвоиме 600 милиони евра до 2024 година

Ваучери за домашен туризам и во 2021 година

Влатко Зорба

Хорват нов импортер за возилата од брендот Хонда во Македонија?

Влатко Зорба