СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

САД: Речиси осум милиони луѓе беа отпуштени во април

Американските работодавци отпуштија 7,7 милиони луѓе во април, што е знак на длабочината на рецесијата предизвикана од пандемијата, пренесе „РТЦГ“.

Министерството за труд на САД соопшти денеска дека бројот на понудени работни места опаднал од март за 16 проценти, на пет милиони, додека бројот на оние што се вработиле паднал за 31 процент во април, на 3,5 милиони.

По отпуштањето на 11,5 милиони луѓе во март, лошите резултати во април значат дека американската економија ги загубила придобивките што ги граделе скоро десет години за само два месеци и дека закрепнувањето би можело да биде долготрајно.

Поврзани вести

Заев со мисијата на ММФ: Позитивни движења во економијата, 2021 е година на стабилен економски раст

КОСТАЛ го зголемил бројот на вработени на 830 и инвестирал дополнителни над 10 милиони евра

Влатко Зорба

Бислимоски: Целиме кон реализација на зелено сценарио, но тоа мора да биде постепено

Влатко Зорба