СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бектеши: До утре ќе бидат готови протоколите за хотелиерите и угостителите

Министерот за економија, Крешник Бектеши  денеска на прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања, информира дека до крајот на денов или најдоцна утре се очекуваат нови протоколи за работата на хотелиерите и угостителите.

Хотелиерите, напомена министерот, не се затворени со одлука на Владата, но многу е важно и за гостите и за странските туристи да работат согласно протоколите од Комисијата за заразни болести.

– Оваа тема вчера беше дискутирана на владина седница. Го задолживме министерот за здравство да и предложи на Комисијата нови протоколи. Очекуваме денеска или најдоцна утре да имаме такви предлози кои секако би ги усвоиле, имајќи предвид дека хотелите не се затворени со владина одлука. За угостителските објекти кои организираат свадби ќе ја чекаме сугестијата од Комисијата. Убеден сум дека не до крајот на оваа година, туку многу порано би можеле и тие да работат, рече Бектеши.

Поврзани вести

Со оперативниот план за вработување, сите кои изгубиле работа поради Ковид, ќе се вратат назад на пазарот на трудот

Влатко Зорба

Се работи на олеснување на критериумите за аплицирање и исплата на финансиска поддршка за производствените компании

Влатко Зорба

Влада: Минимални трошоци за основање фирма и намалување на парафискалните давачки до 75 проценти

Никола Поповски