СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Бројот на невработени во Германија може да ја надмине границата од 3 милиони

Поради кризата предизвикана од коронавирусот, бројот на невработени во Германија може да ја надмине границата од три милиони за прв пат по пет години, предупреди шефот на Федералната агенција за труд (БА), Детлеф Шеле.

„Во текот на летото, најверојатно, ќе го надминеме лимитот од три милиони невработени“, рече тој за „Süddeutsche Zeitung“.

Последниот пат кога невработеноста била толку голема во текот на летото е пред десет години, а пред пет години, во однос на целата година, за последен пат е забележана ваква тешка состојба на пазарот на трудот.

Шеле се надева дека ситуацијата ќе се подобри по летото.

За да може бројот на невработени да падне во есен, потребно е, според него, ограничувањата наметнати поради вирусот во гастрономијата и туризмот сега да функционираат, за да стартира светската трговија и за пакетот мерки со кои се стимулира економијата, да функционира.

Кризата ги погодува особено привремено вработените луѓе, рече тој, додавајќи дека расте и невработеноста кај младите.

Исто така, вели Шеле, особено се погодени жените, кои веќе заработуваат помалку од мажите.

„Се надевам дека четирите месеци на коронакризата нема да уништат сè што е постигнато со децении во однос на еднаквоста на пазарот на труд. Мора да сториме сé за да не се случи тоа“, нагласи тој.

Поврзани вести

Брагонци нов шеф на канцеларијата на ЕИБ за Западен Балкан

Влатко Зорба

Гејтс: Жените треба да управуваат со парите

msp-admin

Економските односи меѓу ЕУ и Русија не се за коцкање, иако размената е пониска за 200 милијарди долари

Влатко Зорба