СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Viber има нова опција која ви овозможува сами да креирате GIF

Повеќе од милијарда корисници на Viber добија можност да создадат свои GIF-ови, вклучително опции како бумеранг и премотување на снимка.

Една од најпопуларните апликации за пораки воведе GIF креатор. Новата опција е во прилог на неодамна воведените групни видео повици, групни разговори за најмногу 250 лица и групни повици за 20 лица.

GIF креаторот е лансиран за iOS, додека тој ќе пристигне на уреди со Android во наредните недели.

Корисниците можат да создадат GIF со кликнување на камерата во кој било разговор, потоа избирање на опцијата GIF и снимање на кратко видео, или избирање на постоечки клип од галеријата и претворање на него во GIF во форма на бумеранг, забрзана снимка или да го пуштат наназад.

Поврзани вести

Galaxy S21 Ultra и iPhone 12 Pro Max на тест за издржливост (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Twitter Spaces достапна за секој со над 600 следбеници

Huawei ги претстави лаптопите MateBook X Pro (2021), MateBook 13 (2021) и MateBook 14 (2021)

Влатко Зорба