СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Работодавачите и во јуни ќе добијат 14.500 денари од државата

Управата за јавни приходи информира дека на системот Е-Даноци може да се најде образецот БФП-ИП/1 со кој компаниите може да побараат финансиска поддршка од 14.500 денари за исплата на плати за јуни.

На системот Е-ПДД, пак, е поставен образецот БФС-СВД/1 со кој финансиска поддршка за исплата на плати за јуни може да побараат самостојните вршители на дејност.

– Согласно измените и дополнувањето на Уредбите со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите и самостојните вршители на дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот, заради исплата на платите за месеците април, мај и јуни 2020 година, компаниите и самостојните вршители на дејност мерката 14.500 може да ја користат и во јуни 2020 година.

Мерката за финансиска поддршка во април ја искористиле вкупно 19.696 работодавачи односно 5.707 самостојни вршители на дејност, а во мај 19.730 работодавачи, односно 5.814 самостојни вршители на дејност.

Поврзани вести

Од денеска почнува исплата на правата од социјална заштита за октомври

Берта Китинска

Четвртиот пакет мерки утре треба да биде усвоен на седница на Владата

Александар Петровски

Оштетени штедачи: Фирмата на Игор Џамбазов земала нeнаплатлив кредит од Еуростандард банка

Влатко Зорба