СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Ништо од фабриката „Фолксваген“ во Турција

Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ објави дека се откажува од изградба на нова фабрика во Турција, затоа што повеќе не е потребна.

Германскиот автомобилски гигант објави дека се откажува од фабриката во Турција, поради остриот пад на побарувачката за автомобили ширум светот, предизвикан од пандемијата и дека не треба нови производствени капацитети.

Фабриката, која требаше да биде изградена во Маниса, на егејскиот брег на Турција, за 1,3 милијарди евра, требаше да произведува 300.000 VW Passats и Skoda Superb годишно од 2022 година за Источна Европа и Блискиот исток.

Проектот за изградба на фабрика во Турција предизвика спротивставување од германските синдикати и беше уште поостро критикуван и запрен минатата година, откако Турција испрати армија во Сирија.

Фолксваген најави дека ќе го реализира планираното производство на возила во постојните фабрики.

Поврзани вести

„Беркшир Хатавеј“ со загуба од околу 50 милијарди долари за првото тримесечие

msp-admin

Над 100 економисти, политичари и активисти бараат од Лагард отпишување на јавниот долг на земјите-членки на Еврозоната

Влатко Зорба

БДП во еврозоната падна за 6,8 проценти во 2020 година

Влатко Зорба