СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Рекорден пад на невработеноста во САД во јуни

Работодавците во американската економија создадоа значително повеќе работни места во јуни отколку што се очекуваше, сигнализирајќи можен непосреден крај на корона кризата, иако опасноста од скок на бројот на новозаразени се наметна со закрепнувањето.

Американската економија создаде 4,8 милиони нето работни места во јуни, соопшти Министерството за труд. Ова е најголем број нови работни места од 1939 година кога владата започна да ги собира тие податоци.

Во мај биле отворени 2.699 милиони нето.

Економистите во анкетата на Ројтерс очекуваа бројка од околу три милиони.

„Овие бројки потврдуваат само дека првичното економско закрепнување оди далеку побрзо од очекуваното, изјави американскиот економист Мајкл Пирс за CNBC.

Поврзани вести

Партнер на Apple потпиша договор за соработка со кинески стартап за електрични автомобили

Влатко Зорба

Шефицата на ЕЦБ очекува 2021-ва да биде „година на закрепнување“

Влатко Зорба

Легендарен дизајнер на „Порше“ ќе работи на автономниот автомобил на „Епл“

Влатко Зорба