Владата на САД го оствари најголемиот месечен буџетски дефицит во историјата во јуни, откако трошоците за програмите за борбата противкоронавирусот се зголемија, а приходите од данок се намалија, бидејќи многу луѓе ги загубија своите работни места.
Министерството за финансии на САД објави дека дефицитот минатиот месец е 864 милијарди долари и е најголем во историјата на оваа земја, додека во април дефицитот беше 738 милијарди долари.
Оваа сума е поврзана и со парите обезбедени од Конгресот за да се намали влијанието на широко распространетите запирања на бизнисите што се случија во обид да се ограничи ширењето на пандемијата. За првите девет месеци вкупниот дефицит е 2,74 трилиони, што е исто така рекорд за ваков период.
Со овие податоци, Конгресниот буџетски комитет предвидува дека годишниот дефицит ќе достигне 3,7 трилиони долари.
Оваа сума ќе го надмине претходниот најголем годишен дефицит од 2009 година, што беше 1,4 милијарди долари поради Светската економска криза.