СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Меркел: Не знам дали ќе има договор за Фондот за обнова

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денес дека не може да гарантира дека земјите-членки на ЕУ оваа недела ќе постигнат договор за Фондот за обнова од коронавирусот и повеќегодишниот буџет, имајќи предвид дека сè уште постојат разлики меѓу нив по тоа прашање.

– Ставовите остануваат поделени. Не можам да кажам денес дали ќе постигнеме договор во петок, рече Меркел за време на прес-конференцијата со италијанскиот премиер Џузепе Конте, пренесува Ројтерс.

Таа додаде дека Италија и Германија се согласиле за основната структура на предлогот на ЕУ, пренесува агенцијата.

Поврзани вести

Раст на МБИ-10 индексот на Македонската берза

Се решава статусот на административците кои повеќе од 10 години седат дома

Берта Китинска

Глобалниот економски раст ќе падне за 5,2 проценти оваа година, што би било најдлабока рецесија по Втората светска војна