СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

„Визер“ ги суспендира сите летови помеѓу Италија и Македонија до 31 јули

Нискобуџетната авиокомпанија Виз Ер денеска најави дека како резултат на рестрикциите за патување од страна на италијанските власти наменети за летовите до Република Северна Македонија, ги суспендира сите летови помеѓу Италија и нашата држава до 31 јули.

-Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака. Сто и дваесет проценти од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот, и ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Wizz Air. Патниците исто така можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100% поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети, стои во соопштението од Виз Ер.

Поврзани вести

Во Полска започнува судењето за шпионажа на поранешен вработен во „Хуавеи“

Stefanija Kuzmanovska

Донација за Проект Среќа од компанијата Жито Лукс

Берта Китинска

Граѓаните ги чекаат списоците: Финансиска помош за три категории граѓани

Берта Китинска