СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Паѓаат цените на нафтата

Цените на нафтата на светскиот пазар денес се во пад, поради загриженоста дека новиот бран на коронавирус може да го отежни заздравувањето на глобалната побарувачка за овој извор на енергија.

Во Лондон цената на суровата нафта „Брент“ од Северното Море беше пониска за 71 цент или 1,6 проценти и сега е 43,44 долари за барел.

Во Њујорк цената на лесната сурова нафта падна за 67 центи или 1,6 проценти и изнесува 40,34 долари за барел.

Аналитичарот на пазарот Паола Родригез Масиу од „Ристад Енерџи“, посочува дека вестите од Азија и Европа предизвикуваат дополнителни загрижености дека кризата „Ковид-19“ би можела да ескалира во глобален втор бран, не само во САД и Бразил.

Поврзани вести

ОМВ продава 120 бензински пумпи во Словенија

Влатко Зорба

Huawei ги претстави бизнис резултатите за третиот квартал од 2019 година

msp-admin

„Визер“ привремено затвора 36 рути во регионот

msp-admin