СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бензинот поскапува, дизелот поевтинува

За половина денар од полноќ поскапуваат бензините, а за исто толку поевтинува дизелот. Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 62 денари за литар.Малопродажната цена на дизелот ќе биде 52,50 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 52 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,351 денари за килограм, во однос на претходно утврдената цена. Така, сега новата цена на мазутот ќе изнесува 25,709 денари за килограм

Од Регулаторната комисија за енергетика информираа дека со новата одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати за 0,50 проценти во однос на претходно утврдените.

Поврзани вести

Конференција: Од вкупно регистрираните 171.000 земјоделци, само 37.186 се жени

Продолжен рокот за аплицирање на повикот за Дигитализација на општините

Влатко Зорба

ФИТР и ПроКредит Банка обезбедуваат полесен пристап до финансирање на иновативните компании