СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ССМ: Одлуката за зголемување на цената на струјата е избрзана

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека одлуката за зголемување на цената на струјата е избрзана и зголемување ќе падне на товар на граѓаните.

– Сојузот на синдикатите на Македонија не е организација која ги регулира цените на одредени услуги или производи, но смета дека со одлуката на Регулаторната комисија за покачување на електричната енергија за 7,4 проценти, здравствена криза може многу лесно да се претвори и во економска криза. Доколку избрзаното покачување на цената на електричната енергија не биде повлечено, потребно е зголемување на сите плати и пензиите, во висина на зголемените трошоци за живот или скалесто за најмалку 7,4 прценти и тоа само за да се подмири просечната потрошувачка на електрична енергија која едно домаќинство би го чинело дополнителен издаток од платата, пензијата или другите примања, велат од ССМ.

Анализите изготвени врз основа на синдикалната минимална кошничка, како што најаваат, ќе ги достават до Економско-социјалниот совет со цел да се овозможи покачување на платите, доколку не се отстапи од зголемувањето на електричната енергија.

– ССМ, не сака нашите граѓани, кои ќе бидат оневозможени да ги подмират зголемените сметки на електрична енергија, да станат таргет на извршување од извршителите и затоа уште еднаш укажуваме дека Регулаторната комисија треба да ја преиспита одлуката за зголемување на цената на електричната енергија, велат од ССМ.

Поврзани вести

„Виз ер“ ги укинува летови од скопскиот и од охридскиот аеродром

Берта Китинска

Од 1-ви јануари: Нема прогресивен данок, нема да се даночат капиталните добивки и штедните влогови

Никола Поповски

Тренчевска: Неправилности кај 41 работодавач, 6 фирми не исплатиле плати

Влатко Зорба