СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈАКОМПАНИИ

Еуроникел Индустри за Општата болница во Кавадарци донираше пет медицински апарати

Еуроникел Индустри за Општата болница во Кавадарци донираше пет медицински апарати: дефибрилатор, ЕКГ апарат, инфузомат, аспиратор и дигитален пулсоксиметар со монитор. Целта на донација е подобрување на здравствените услуги и зголемување на капацитетите на општата болница со функционална опрема за што поквалитетна нега на пациентите.

-Едно од начелата според кое функционира нашата компанијата е да бидеме активен учесник во подобрување на квалитетот на животот во заедницата од која сме дел, да дадеме свој придонес и да излеземе во пресрет на потребите на граѓаните. Затоа, во период кога здравствените институции се соочуваат со дополнителни проблеми и недостатоци заради здравствената криза, а истовремено подеднакво е важно пациентите да ја добијат потребната нега и за другите здравствени услуги, нашата помош ја насочивме кон здравствениот сектор и снабдување со медицинска апаратура на Општата болница во Кавадарци. Веруваме дека ова е значаен придонес кон функционирањето и зајакнувањето на локалните болнички капацитети, изјави Герасим Кујунџиев, директор на Еуроникел индустри.

Од Општата болница Кавадарци велат дека е направен избор на апарати што се најпотребни и неопходни во овозможување брза, навремена и ефективна медицинска нега.

Поврзани вести

Сто милиони евра за енергетски ефикасни студентски домови и системи за наводнување

Влатко Зорба

РАСТ ОД 177% ВО ОНЛАЈН ТРАНСАКЦИИТЕ кон домашните е-трговци во вториот квартал годинава

msp-admin

После едномесечно затворање: „Епл“ повторно ги отвори продавниците во Кина