СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Короната дефинитивно ги промени нашите навики, продавачите на велосипеди „цветаат“

Германските продавачи на велосипеди се меѓу најголемите победници за време на кризата со коронавирус, според резултатите од студијата на Институтот ИФО.

Речиси сите дилери на велосипеди се задоволни од моменталната деловна состојба, со нивниот рејтинг да изнесува 95 поени од можните 100, се наведува во објавата на институтот.

– Оние што продаваат велосипеди доживуваат вистински бум – вели Клаус Вохрабе, шеф на одделот за анкети во ИФО.

Другите сектори, кои во моментов бележат многу добри резултати, се продавници за градежни материјали и продавници за „направи сам“ (83,1 поен), проследени со продавници за храна и пијалоци (62,8), продавници за мебел и опрема (40,7), трговци на мало потрошувачка електроника (39,7) и продавачи на компјутери (33,3 поени).

– Од друга страна, сегашната деловна состојба е лоша за продавачите од сите видови облека и обувки (минус 60,9 поени), а за оние кои продаваат производи од кожа и торби (минус 85 бода) – вели Вохрабе.

Тој додава дека „работите беа навистина лоши и за продавачите на автомобили“, но дека сега тие полека излегуваат од „дупката“ во која беа турнати поради коронавирусот, при што нивната проценка за тековната деловна состојба е минус 37 поени.

Поврзани вести

4 начини на кои Бајден ќе се обиде да ја спаси американската економија

Влатко Зорба

Marks & Spencer дели 7.000 откази и го менува начинот на продажба

msp-admin

Партнер на Apple потпиша договор за соработка со кинески стартап за електрични автомобили

Влатко Зорба