Големите американски медиумски куќи побараа од технолошкиот гигант Apple да ги намали таксите за плаќање претплати преку својата продавница за апликации.
Apple им наплаќа на медиумите 15 до 30 проценти такси за првите претплати преку продавницата за апликации, а ја намали онаа што ја плаќа дигиталниот гигант Amazon.
Медиумските куќи треба да ги имаат истите услови во продавницата на Apple како Amazon за апликацијата „Prime Video“, се вели во писмото до извршниот директор на Apple, Тим Кук – Џејсон Кинт, извршен директор на „Digital Content Next“ (DCN)
Писмото беше објавено на веб-страницата на DCN, која претставува големи медиуми, вклучувајќи ги Њујорк Тајмс, Вашингтон пост и Вол Стрит Журнал.
„Барам јасно да ги наведете условите што Amazon ги исполни за да добиете таков договор, така што членовите на DCN кои ги исполнуваат тие услови, исто така можат да го добијат истото“, рече Кинт.
Во писмото, DCN ја наведува комуникацијата помеѓу ветеранот на Apple, Еди Кју и извршниот директор на Amazon, Џеф Безос, во која двете компании се согласија дека Apple ќе добие 15 проценти од приходите од нови претплати на услугата „Prime Video“ на Amazon.
Комуникацијата се појави во јавноста за време на дебатата во Комитетот за правда на Претставничкиот дом на Соединетите држави, во која лидерот на Apple рече дека пониски такси им биле на располагање на сите развивачи кои исполнувале одредени услови.
Apple и Amazon не одговорија веднаш на барањето за коментар.
Барањето на медиумските куќи за пониски такси беше објавено неколку дена откако Epic Games поднесе тужба против Apple за отстранување на играта Fortnite од Appstore.
Компанијата го оправда потегот со кршење на упатствата за плаќањa.