СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Постигнат договор: Емиратите го окончаа бојкотот на Израел

Владетелот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Калифa бин Зајед ал Нахјан, денеска издаде декрет со кој се формализира крајот на бојкотот на Израел со неодамнешниот договор со посредство на Соединетите држави за воспоставување дипломатски односи меѓу ОАЕ и Израел.

Ова овозможува развој на трговија и други економски врски, а државната новинска агенција ВАМ објави дека Израелците и израелските компании сега можат да соработуваат во Обединетите Арапски Емирати.

Исто така се овозможува купување и тргување со израелски добра.

Некои израелски компании веќе имаат потпишано договори со партнери во ОАЕ, а укинувањето на бојкотот овозможува заеднички проекти од областа на авијацијата, банкарството и финансиите.

Првиот комерцијален лет на израелската авиокомпанија Ел Ал од Тел Авив до Абу Даби е закажан за понеделник, во кој ќе бидат израелски и американски официјални лица, вклучително и високиот советник и зет на американскиот претседател Доналд Трамп, Џеред Кушнер.

Веќе се воспоставени телефонски врски меѓу двете земји.

Поврзани вести

Граѓаните од С. Македонија и понатаму ќе можат да патуваат во Германија за да работат

msp-admin

Ангеловска: Со преземните мерките ќе се потрудиме кривата на невработеност да биде што порамна

msp-admin

„Кроација ерлајнс“: Недозволиво е ние да го финансираме влезот на „Рајанер“ во Хрватска

Влатко Зорба