СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Хоџа: МЗШВ ќе биде партнер на змјоделците и на откупувачите

Досегашниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски официјално ја предаде функцијата на новиот, Арјанит Хоџа.

Хоџа истакна дека е голема чест, но и одговорност да се води ова комплексно министерство.

„Приоритет ќе ни биде да бидеме партнери со земјоделците и откупувачите за заеднички да ја развиеме оваа гранка. Воедно приоритет ќе ни биде и усогласувањето на законодавството со европското за да можеме побрзо да ги завршиме пристапните преговори и побрзо да пристапиме до фондовите како сите други европски држави. Преку земјоделството ќе се потрудим да отвориме самовработување за земјоделците за да можат да имаат достоен живот и нивната иднина да ја градат тука во нашата држава и на тој начин да можеме да го искористиме целиот труд на земјоделците за да одиме напред, рече Хоџа.“, изјави новиот министер.

Поврзани вести

Царовска: Покажавме дека вложувањето во енергетскиот сектор е приоритет

Бочварски: Инвестициите во патишта се големи проекти, внимаваме да не ни се случуваат репроекитрања, како претходно.

Влатко Зорба

Бесими: Четвртиот пакет на мерки ќе почне да се спроведува после усвојување на ребалансот

Никола Поповски