СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Четвртиот сет на мерки, ќе ги рефлектира реалните потреби на компаниите и на граѓаните

Вицепремиерот за економски прашања, координацијана економские ресори и инвестиции Фатмир Бетиќи денеска на средба со претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа и други претставници од компании, членки на комората, го реафирмираше ставот дека Владата го слуша гласот на сите чинители во економскиот живот, а недвосмислено коморите дека како претставници на компаниите се една клучна алка во креирањето на развојни економски политики.

Како што соопштуваат од неговиот Кабинет, порача дека преку соработка, инклузивност и доверба ќе се креираат економските политики, Владата тежнее кон создавање нова развојна и одржлива економија, а еден од клучените елементи во тој процес се компаниите и коморите, кои ги обединуваат потребите на претпријатијата, истакна вицепремиерот Битиќи.

Зборувајќи за предизвиците со кои се соочија компаниите и државата, но и целиот свет, а кои доаѓаат како последица од пандемијата предизвикана од коронавирусот, вицепремиерот посочи дека Владата со првите три сета мерки успеа значително да ги ублажи негативните ефекти врз економијата, преку обезбедување на ликвидност на компаниите и борба за зачувување на секое работно место.

Тој додаде дека четвртиот сет на мерки, кој е во подготовка и ќе биде презентиран наскоро, ќе ги рефлектира реалните потреби на компаниите и на граѓаните и дополнително ќе ја раздвижи економијата. Токму состаноци како овој, подвлече Битиќи, ни даваат вистинска слика кои се потребите на стопанството и каде треба да делуваме.

Средбата се одржа во свечената сала на Владата, на инцијатива на вице-премиерот Битиќ и на неа се дискутираше за идните економски политики на Владата, како и тековните предизвици со кои се соочуваат компаниите во време на социо-економската криза.

Поврзани вести

За кои фирми и занаетчии важи мерката од 14.500 денари месечно за секој вработен?

Берта Китинска

Цените на горивата остануваат непроменети

Берта Китинска

„Виз ер“ ги укинува летови од скопскиот и од охридскиот аеродром

Берта Китинска