Apple следната недела ќе одржи специјален настан, за време на кој се очекува компанијата да се фокусира на уредите Apple Watch и iPad. Apple Watch секоја година добива нови верзии, но овој пат се очекува дека Apple би можел да претстави два нови модели, од кои едната би била прифатлива опција.
Џон Просер објави неколку информации за овој поевтин паметен часовник. Според наводите, ефтиниот Apple Watch ќе има дизајн сличен на Apple Watch Series 4, кој е најсличен на актуелниот изглед на Apple Watch. Apple Watch Series 4 беше претставен во 2018 година, и има помали рамки и поголем екран.
Исто така, се посочува дека поевтиниот Apple Watch ќе пристигне во две вообичаени големини – 40 mm и 44 mm, тој ќе има GPS и мобилни варијанти како и сите други модели на Apple Watch. Најголемата разлика ќе биде во недостатокот на ЕКГ-функција, а нема да има ниту секогаш вклучен дисплеј.
Просер посочува нешто интересно во врска со новите часовници, а тоа е дека тие внатрешно се нарекуваат Apple Watch и Apple Watch Pro.
Повеќе детали се очекуваат следната недела.