Претседател на РКЕ, Марко Бислимовски најави можност за социјално најзагрозените семејства да користат дополнителна парична помош за заштита од енергетска сиромаштија.
– Ние сме на став дека треба да се зголеми бројот на ранливи категории потрошувачи што треба да добиваат соодветна помош за заштита од енергетска сиромаштија. Инсистираме тоа да се однесува исклучиво на потрошувачи што имаат проблеми, а за оние што немаат реално проблеми сметаме дека нема потреба да се обезбедува дополнителна помош за заштита од енергетска сиромаштија, истакна Бислимоски.