СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Поскапуваат бензините и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика одлучи малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит и од вечерва на полноќ Еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесуваат 49,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 62,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,762 ден/кг и ќе изнесува 25,311 ден/кг.

Според претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски, одлуката за зголемување на цените на нафтените деривати е резултат на растот на берзанските цени кај сите нафтени деривати во изминатата недела.

Поврзани вести

Компанијата dm отвора дрогерии во Полска

Пазарните инспекциски контроли од денеска засилени со финансиска полиција

МФ: Поврат на ДДВ кон фирмите од 397,4 милиони евра во 2020 година

Влатко Зорба