СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Коронавирусот ја зголемува цената на златото

Цената на златото се зголемува поради загриженоста за зголемениот број на лица заразени со коронавирус во светот, покажуваат податоците на берзата.

Во 8.38 часот, декемвриските фјучерси за златото на берзата во Њујорк, „Комекс“ пораснаа 0,11% или 2,05 долари на 1.910,95 долари за унца. Фјучерсите за сребро во декември се зголемија за 0,83% на 24,42 долари за унца.

Зголемените цени на благородните метали се поттикнати од загриженоста за глобалното економско закрепнување во услови на беснеење на пандемијата. Во Европа, каде што голем број земји регистрираат рекорден број на новозаразени секој ден, се воведуваат нови строги ограничувачки мерки. Претходно оваа недела, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека започнал вториот бран на коронавирус во земјата и воведе полициски час во многу градови. Мерки за зајакнување на контролата против ширењето на смртоносниот вирус воведе и Велика Британија.

Несигурноста околу разговорите за пакетот на американската економија влијае и на трговијата. И покрај неодамнешните изјави на претседателот Доналд Трамп, на пазарите преовладува мислењето дека нема да се донесе одлука до претседателските избори на почетокот на ноември. На 15 октомври Трамп поднесе предлог за зголемување на износот на пакетот. Претходно, администрацијата зборуваше за помош од 1,8 трилиони долари.

Поврзани вести

Димитриеска Кочоска укажа на незаконски свиканото Собрание на ИСОС

Stefanija Kuzmanovska

СКМ го менува називот во Стопанска комора на Северна Македонија

Влатко Зорба

Галовеј: Народната банка успешно ги остварува своите цели за одржување на макроекономската и финансиската стабилност