Стандард
ЕКОНОМИЈА

СКМ го менува називот во Стопанска комора на Северна Македонија

Подготвена е нацрт-одлука за изменување и дополнување на Статутот на Стопанската комора на Македонија, со која се предлага промена на називот на Комората со додавање на зборот „Северна“, при што новиот назив на Комората би гласел: Стопанска комора на Северна Македонија.

Се менува и член 3 став 4 од Статутот и гласи: Во меѓународната комуникација Стопанската комора на Северна Македонија го користи називот: Economic Chamber of North Macedonia.

„Имајќи ги предвид одредбите од Преспанскиот договор, како конечен договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратешко партнерство, во Статутот на Комората беа направени и измени кои се во насока на измена на називот на државата од Република Македонија во Република Северна Македонија, се вели во образложението за промена на Статутот.

„Имајќи ги предвид досега преземените активности околу отворените прашања во соработката со грчките комори околу формирањето на Бизнис-комитетот кој требаше да се формира и да отпочне со работа уште минатата година согласно одредбите од Преспанскиот договор, како и сите прашања поврзани со конкретна имплементација на комерцијалните имиња, логоа и марки што се од значење за бизнис-заедницата, се оценува дека е очекувано од нашата Комора, која сега го носи официјалниот назив Стопанска комора на Македонија, во духот на договорот, преку сопствен пример на промена на називот во Стопанска комора на Северна Македонија, да придонесе во воспоставувањето искрен, структурен и добронамерен дијалог во деловните односи со странските партнери, вклучувајќи ја и Грција и на дело да покаже конструктивност и добра волја во овие релации. Со тоа, при посета на многубројните делегации од Грција и другите земји, Комората би настапувала со назив кој е усогласен со уставното име на државата. Истото се однесува и на документите за меѓународно трговско работење кои ги издава Комората, а кои содржат печат со официјалниот назив на Комората и во практиката создава забуни кај странските партнери на компаниите околу валидноста и потребата за усогласеност на истите, и покрај фактот што, сеуште обврската за усогласување не е задолжителна, но со оглед на практиката, произлегува дека би била оправдана и очекувана.

Промената на називот на Комората, со дополнување на зборот „Северна“ во официјалниот назив на Комората, се врши во постапка за изменување и дополнување на Статутот на Стопанската комора на Македонија. По завршувањето на постапката предвидена во самиот Статут и усвојувањето на новиот назив од страна на Собранието на Комората, се врши регистрација на промените на субјектот во Централниот регистар на РСМ, за да може понатаму Комората во правниот промет да настапува со називот Стопанска комора на Северна Македонија и да ги направи сите потребни измени на сопствениот назив во документите, печатите и секаде каде што се наведува/користи називот на Комората.

Управниот одбор, врз основа на Иницијативата за поведување постапка за пристапување кон изменување и дополнување на Статутот на Комората, по пат на електронска консултација спроведена во периодот од 26 -29 јануари 2021 година, го утврди текстот на Нацртот на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот. Исто така, Управниот одбор донесе Одлука за начинот на водење и времето на траење на јавната расправа, согласно која јавната расправа ќе се спроведе до 15 февруари 2021 година, преку здруженијата во рамките на Стопанската комора на Македонија, со организирање седници или консултации преку електронска пошта, заради изнесување предлози и мислења од страна на членките на Комората, како и писмено доставување во предвидениот рок од овој член, до главниот советник на Управниот одбор за правни прашања во Комората.

Поради наведеното, во согласност со одредбите од Статутот на Стопанската комора на Македонија (пречистен текст) бр. 02- 1770/8 од 26.12.2019 година се спроведува јавна расправа по Нацртот на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на Комората.

Управниот одбор на Комората ќе изврши сумирање на забелешките и предлозите од јавната расправа и согласно дадените предлози и мислења ќе го утврди текстот на Предлог-одлуката за изменување и дополнување на Статутот на Стопанската комора на Македонија најдоцна до 1 март 2021 година и истата ќе ја достави до Собранието на Стопанската комора на Македонија, на разгледување и усвојување“, велат од СКМ.

Поврзани вести

Биткоин не е на списокот на десетте најважни криптовалути

Stefanija Kuzmanovska

Деспотовски: Доставени рекорден број инвестициски планови, ќе се бара модел за поддршка и на големите бизниси

АСОМ: Ќе ги преземеме сите мерки спорниот Закон за игрите на среќа да не се донесе

Влатко Зорба