СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Коронавирусот ја зголемува цената на златото

Цената на златото се зголемува поради загриженоста за зголемениот број на лица заразени со коронавирус во светот, покажуваат податоците на берзата.

Во 8.38 часот, декемвриските фјучерси за златото на берзата во Њујорк, „Комекс“ пораснаа 0,11% или 2,05 долари на 1.910,95 долари за унца. Фјучерсите за сребро во декември се зголемија за 0,83% на 24,42 долари за унца.

Зголемените цени на благородните метали се поттикнати од загриженоста за глобалното економско закрепнување во услови на беснеење на пандемијата. Во Европа, каде што голем број земји регистрираат рекорден број на новозаразени секој ден, се воведуваат нови строги ограничувачки мерки. Претходно оваа недела, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека започнал вториот бран на коронавирус во земјата и воведе полициски час во многу градови. Мерки за зајакнување на контролата против ширењето на смртоносниот вирус воведе и Велика Британија.

Несигурноста околу разговорите за пакетот на американската економија влијае и на трговијата. И покрај неодамнешните изјави на претседателот Доналд Трамп, на пазарите преовладува мислењето дека нема да се донесе одлука до претседателските избори на почетокот на ноември. На 15 октомври Трамп поднесе предлог за зголемување на износот на пакетот. Претходно, администрацијата зборуваше за помош од 1,8 трилиони долари.

Поврзани вести

НУК: Владата со новиот пристап на надомест на штетите и загубите поради пандемијата преќутно ги прифати нашите сугестии

Влатко Зорба

Ангеловска-Бежоска: Поголемата финансиска вклученост на жените може да донесе голем број економски придобивки за целото општество

Влатко Зорба

Потпишување договор за 2,4 милиони евра неповратни средства наменети во обновливи извори за енергетска транзиција

Влатко Зорба