СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Apple подготвува нов „Mac“ со свој процесор

Американската корпорација Apple може во ноември да претстави нов уред „Mac“ базиран на сопствен процесор на компанијата. Ова го објави порталот „Епл“ Инсајдер, повикувајќи се на блогерот Џон Просер, кој редовно објавува податоци за развојот на компанијата.

Според Просер, официјалното соопштение на Apple за овој настан треба да се очекува на 10 ноември. Не е прецизирано кој модел од низата компјутери и лаптопи ќе биде објавен врз основа на новиот процесор.

Извршниот директор на Apple, Тим Кук, уште во јуни објави дека компанијата ќе започне со производство на компјутери и лаптопи со свои процесори, наместо тие на „Intel“, кои се користат веќе 15 години.

Apple користи свои чипови за iPhone и iPad.

Поврзани вести

Бафет со совет како да ја зголемите својата вредност: „Научете да пишувате и да зборувате јасно“

Влатко Зорба

Регистрирани 9.075 слободни работни места, се бараат работници во услужните дејности и продажбата

Акциите на Pfizer падна поради проблеми со превоз на вакцините

msp-admin