СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Со законските измени: Рестораните кои ќе прават свадби ќе бидат затворени на 30 дена

Инспекторите ќе може да затвораат објекти и да наплаќаат казни на самото место, од моментот кога измените и новите мерки ќе стапат на сила, тие веднаш ќе почнат да ги приемнуваат.

-Кафеаните и рестораните во кои се одржуваат свадби и веселби и покрај забраната, засега добиваат само кривични пријави. Откако пак Собранието ќе ги усвои измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, ќе може да бидат затворени на 30 дена и да им се изрече парична казна на самото место со платен налог, изјави  Стојко Пауновски, дректорот на Пазарниот инспекторат.

Инспекторатот минатата недела направил најголем дел од вкупно 2 183 контроли што изиматата недела (од 12 до 18 октомври) ги спровеле шесте инспекциски служби што ги обединува Инспекцискиот совет.

При тие 1 180 контроли на Пазарната инспекција, поднесени се 24 прекршочни пријави за нерегистрирана дејност или прекршување на работното време, а седум биле за непочитување нза здравствеите пртоколи: две се за свадби во Скопје и Тетово и пет за локали кои не почитувале растојание и број на маси и друго.

Поврзани вести

Бабовски на 46-тата конференција на директорите на Платежните Агенции во ЕУ

Влатко Зорба

Во првите 7 месеци од годинава споредено со истиот период лани има намалување за 4,6 проценти на работниците во индустријата

Заев: Сите граѓани кои беа обесправени со новиот пакет ќе добијат помош

Берта Китинска