СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бензините поскапуваат за денар, без промена на цената на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,80 % во однос на Одлуката од 29.3.2021 година, соопштија од РКЕ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.03.2021 година.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво согласно одлуката од 29.03.2021 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,353 ден/кг и ќе изнесува 34,779 ден/кг.

Од 5.4.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

* Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 67,00 (денари/литар)
* Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 69,00 (денари/литар)
* Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 55,00 (денари/литар)
* Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 44,50 (денари/литар)
* Мазут М-1 НС 34,779 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 2,193%, кај дизелот има намалување за 0,061%, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 0,112% и кај мазутот има зголемување за 0,402%.

Поврзани вести

Сопственици на спортски обложувалници: Ако ставиме клуч на врата, државата ќе загуби над 250 милиони евра

Влатко Зорба

„Emerging Europe“: Легализацијата на канабисот и амбицијата на Скопје да стане Амстердам на Балканот

Влатко Зорба

Битола лидер на мапата за старт-ап центри

Влатко Зорба