СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Кој стои зад најголемата продажба на акции во историјата

Ant Group, зад која стои сопственикот на Аlibaba, Џек Ма, ја реализираше најголемата иницијална понуда на акции на берза во историјата.

Кинескиот милијардер собра повеќе од 34 милијарди долари преку иницијална понуда на акции (ИПО).

Продажбата на акциите на технолошката компанија Ant Group беше на берзите во Хонгkонг и Шангај. Ма во 2014 година веќе имаше во тоа време рекордна продажба акции на берзата на својата компанија Alibaba, кога собра 25 милијарди долари. Сега го повтори успехот и се надмина со компанијата Ant Group.

Bloomberg проценува дека богатството на на Ма наскоро ќе достигне 71,1 милијарди долари, позиционирајќи го како 11 најбогата личност во светот.

Советниците на компанијата Ant Group ја одредија вчера цената на акциите, раководејќи се по извештаите за голема побарувачка од инвеститорите. Претходниот рекорд во почетната продажба на акции (ИПО) го имаше саудиската државна нафтена компанија Аramco, која собра 29,4 милијарди долари со издавање акции на берзата во Ријад минатиот декември.

Поврзани вести

Битолска млекара продолжува со подобрување на сопственото производно портфолио

msp-admin

Кина ќе ја претекне Америка 5 години порано отколку што се очекуваше

Влатко Зорба

Геополитичките тензии и новиот локдаун ги зголеми цените на нафтата: ОПЕК+ размислува за помало производство

Влатко Зорба