СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Од денеска кафулињата и рестораните ќе работат само до 21 часот

Македонија од денеска го ограничува работното време на угостителските објекти до 21 часот, како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот. Ова следува откако викендов за првпат беа регистрирани над 1.000 нови случаи на зараза во еден ден, бројот на починати се искачи над илјада и беше надминат прагот од 10.000 активни случаи.

Претходно, на кафулињата, кафеаните и рестораните им беше наложено да работат до 23 часот.

Исто така, се забранува групирање на повеќе од четири лица на јавен простор после 21 часот.

„Владата денеска усвои препорака за сите домашни и странски граѓани да не се движат на јавен простор после 21 часот доколку немаат важни и неопходни потреби“, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

Во изминатиот период, голем број европски земји ги затворија или ја ограничија работата на рестораните, баровите и пабовите среде драматичното ширење на коронавирусот, како Франција, Германија, Италија, Белгија, Холандија, Чешка и Грција.

Поврзани вести

Колемишевски: Зелената економија и поддршката на жените претприемачи е она кон кое треба да се стремиме во иднина

Филиповска-Грашкоска: Предложено е поведување на повеќе од 25 кривични пријави за кршење на законите

Заев: Целта на новиот економски пакет на Владата е стимулирање на јавната и приватната потрошувачка