СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Депозитите на историско ниво од 7,1 милијарда евра!

За штедните влогови на граѓаните и на фирмите, банките пресметуваат камати пониски од 1%. Завршницата на 2020та ја одбележа значаен пад на каматите за депозитите. Дали ваквиот тренд го дестимулира штедењето? Податоците покажуваат дека вредноста на депозитната база расте и покрај падот на каматите пишува “Порталб”. На крајот од декември 2020та вкупната кредитна изложеност на банките изнесувала 5,8 милијарди евра.

60% од штедените влогови – во денари ..

На крајот од декември вкупните штедни влогови во банките надминаа 7 милијарди евра – историски највисоко ниво. Раст на штедењето е регистриран и кај домаќинствата и кај корпоративниот сектор. Податаоците од Народната банка покажуваат дека на месечно ниво депозитината база е зголемена за 3% додека на годишно ниво растот е поголем.

“Вкупните депозити, во декември, се зголемија за 3,0% на месечна основа, под влијание на растот на депозитите кај двата сектора, со малку поголемо учество на корпоративниот сектор. Споредено на годишно ниво, вкупните депозити се повисоки за 5,9%, при раст на депозитите кај двата сектора, којшто е поизразен кај секторот „домаќинства” – соопштија од НБМ.

Што покажува анализата на податоците за штедењето? Пораст има и кај шедењето на фирмите и на штедните влогови на граѓаните.

Депозити во банки

Вкупни депозити 7 100 000 000 евра

Депозити на население 4 640 000 000 евра

Депозити на коропративен сектор 2 000 000 000 евра

Останато 460 000 000 евра

Извор НБМ

Така, населението на крајот од декември 2020 та во банките чувало 4,64 милијарди евра а фирмите, односно корпоративниот сектор располагал со 2 милијарди евра, а останатата сума отпаѓа на депозити на други клиенти кои исто така се дел од “недржавен сектор”.

Додека податоците покажуваат раст на штедењето, каматите на депозитите се во пад – и на веќе постоечките депозити и на новопримените штедни влогови. Според економистите кои ги консултираше “Порталб” ваквата состојба е очекувана во услови кога сеуште владее”скептицизам” кон алтернативните инструменти на штедење.

“Граѓаните и воопшто штедачите не се водат од висината на каматата што се нуди за штедење туку од проценката на ризик. Имено, кај нас постојат алтернативни инструменти за штедење, како вложувања во инвестициски фондови и осигурителни полиси, но овие инструменти на некој начин не се познати на граѓаните, кон нив се гледа со скептицизам. Оттука, за граѓаните, ососбено оние кои штедат на месечно ниво со пониски износи, најприфатлив начин е парите да ги вложат во банка без разлика на висината на каматата” оценува професорт Марјан Петрески и додава :

„Уште еден фактор кој влијае врз намалување на каматите на депозитите е падот на каматите за кредитите. Изминаиот период бевме сведоци на голема понуда на ликвидност, а од друга страна недостаток на квалитетни и одржливи проекти за кредитирање, што предизвика намалување на каматите за кредитите”.

На крајот од декември просечната камата на депозитите изнесувала 0,95% што е најниско ниво од крајот на 2019та година. Каматата на новопримените депозити изнесувала 0,68%. Според економистите, овој тренд на намалување на каматите се очекува да продолжи.

“Сметам дека овој тренд на намалување на каматите на депозитите кој се случува минатите години ќе продолжи, но не очекуваме негативни каматни стапки” – вели професорот Петрески.

Во однос на валутната структра, податоците укажуваат на пораст на штедењето и во денари и во странска валута, но и натаму со доминација на денарското штедење. Пресметката на “Порталб” покажува дека вредоста на денарските депозити изнесува 3,86 милијарди евра додека на шедењето во странска валута вредноста е 2,78 милијарди евра.

Депозити според валутна структура

Денарски депозити 3 858 760 000 евра

Депозити во странска валута 2 782 340 000 евра

Извор НБМ

Според валутата, и натаму доминира штедењето во денари, на кое отпаѓа 60% од вкупната депозитина база. На крајот од декември вкупниот кредитен пласман на банките изнесувал 5,8 милијарди евра.

Поврзани вести

Започнува четвртата генерација стартапи низ акцелераторската програма „И од Битола се може(и)”

Влатко Зорба

Бесими и Техада потпишаа усогласување на Спогодбата одбегнување на двојно оданочување со Швајцарија со ОЕЦД конвенцијата

Македонската банкарска асоцијација препорачува да се внимава кога се читаат информациите поврзани со работењето на банките