СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈАТЕХНОЛОГИЈА

Пристигна најновиот производ на Маск: „Tесла текила“ (фото)

Само неколку часа откако извршниот директор на Тесла, Илон Маск го објави новиот производ на неговата компанија, „Тесла Текила“ (Теслакила), тој веќе бил распродаден.

Тоа му успеало и покрај високата цена од 250 долари за шише и фактот дека е достапна само во одбрани американски држави, пишува „Mashable“.

Целата идеја за текилата се роди во 2018 година како дел од шега за 1 aприл, кога Маск на својот Твитер профил објавил дека Тесла ќе банкротира. Тогаш Маск објавил фотографија од него како седи онесвестен потпрен на Тесла модел 3 и опкружен со шишиња на кои пишува „Теслакила”.

Овој мексикански пијалок, брендиран од „Тесла“, е направен од „планински и низински агави од одржлив извор. Покрај вкусот, има и уникатен дизајн на пакување: шишето е во форма на молња, изработено од рачно разнесено стакло.

Поврзани вести

Се изготвува нов закон за работни односи

msp-admin

Пухач: Длабоко погрешен е предлогот за 500 метри растојание на спортските обложувалници од институциите

Влатко Зорба

„Дукат“ е првиот македонски ресторан кој се стекна со златен премиум сертификат и печат „ЧИСТО И БЕЗБЕДНО“

Влатко Зорба