СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Тасева: Легализација на капиталот покажува дека некаде има скриени „пари под перница“

Докторирав во 2002 година на темата перење пари и постојао се залагам за ефективен систем за перење на пари и од тука е и мојот интерес за нелегалните финансиски текови. Не ми е јасно од каде оваа иницијатива, од каде излегоа овие пари , зар во државата имаме црни пари некаде скриени под перница, вели  Слаѓана Тасева од „Транспаренси Интернешнл“ во Студио 10 на ТВ24 објаснувајќи ја легализацијата на капиталот во земјава.

„Во 2003 година се донесе законот за спречување перење пари, тогаш имаше недоверба во банкарскиот систем, тогаш беше аферата ТАТ. Главната поента е сега – од каде ова (легализација на капиталот), од каде сега има „пари под перница“. Треба некој да излезе и да го објасни процесот. Како може да имаме толку дела од висока корупција, не сум задоволна да живеам во криминална држава. Криминалците се посилни од се во оваа држава?“,  вели Тасева.

Поврзани вести

АСОМ тврди: Предлог измените на законот за игри на среќа се противправни

Stefanija Kuzmanovska

Airbnb им доделува 250 милиони долари на сопствениците на домови за пропаднатите резервации

Stefanija Kuzmanovska

Седница на Комисијата за јавно-приватно партнерство: „Сите важни теми за стопанството се дискутираат директно со претставниците на стопанските комори“